(Видео) Пристигнаа првите бeгалци од Донбас, се очекува да се евакуираат околу 700 000 лица

t

Во кампот „Ѕвезда“ во Ростовската област пристигнаа првите бегалци од Донбас, а се очекува да пристигнат и до 400 лица, изјави претставникот на кампот. Први беа евакуирани штитениците од домовите за згрижување на деца без родители, а следните автобуси беа полни со деца и жени.

Како што претходно беше најавено од самопрогласената Доњецка народна република, евакуацијата која започна во петокот попладне ќе продолжи и во текот на ноќта, а планирано е да бидат евакуирани вкупно 700.000 луѓе.

Инаку, ситуацијата во Донбас се влоши. Украинските сили ги гранатираа Горловка и Зајцево, а во Доњецк беа активирани сирени за цивилна заштита, по што беше започната евакуација на населението.
На пат кон Русија беа забележани колони возила, а претседателот Владимир Путин нареди се да се подготви за пристигнувањето на бегалците во Ростовската област.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Поранешен телохранител на Путин: Има патолошки…

Владимир Путин никогаш не користи мобилен телефон…

Украина тврди дека го убила командантот на…

Украинската армија денес тврдеше дека го убила…

Њу Јорк Тајмс: Првите тенкови Абрамс пристигнаа…

Првите тенкови Абрамс веќе пристигнаа во Украин…

Киев очекува дека САД, ЕУ и ММФ…

Украина очекува дека покрај воената помош, САД…

Разузнавачки извори на Сејмор Херш: Војната во…

Разузнавачки извори на Сејмор Херш му кажале…