(Видео) Пристигнаа Украинците: Во секој момент треба да започнат преговорите во Гомел

Украина се согласи на преговори во Гомел во Белорусија, а руската делегација ќе оди таму, изјави членoт на руската делегација Владимир Медински, јавија руски медиуми.
Медински рече дека руската делегација веќе имала намера да замине, но дека од украинската страна добила информација за потврда на преговорите.
„Потврда за разговорите добивме околу 15 часот, разговорите ќе се одржат во регионот Гомел, како што предложивме“, рече тој во руската амбасада во Минск.
Во моментов во Гомел со хеликоптери пристигна украинскиот тим преговарачи.
Кабинетот на претседателот на Украина Зеленски соопшти дека клучното прашање во разговорите е итен прекин на огнот и повлекување на војниците од Украина.
Според Кабинетот на претседателот на Украина, украинската делегација ја сочинуваат, министерот за одбрана Алексеј Резников, лидер на фракцијата „Слуга на народот“ и заменик-министерот за надворешни работи на Украина Дејвид Арахами, советник на претседателот Михаил Подољак, прв заменик-шеф на украинската трилатерална контакт група Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Микола Точицки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…