Објавено на:

(Видео) Професор на универзитетот Колумбија: Се плашам дека сме на пат кон нуклеарна војна

t

Џефри Сакс е американски економист, академик, аналитичар за јавна политика и поранешен директор на институт на Универзитетот Колумбија, каде што ја носи титулата универзитетски професор. Тој е познат како експерт за одржлив развој, економски развој и борба против сиромаштијата.

Во своето најново интервју професорот е загрижен дека светот е на пат кон нуклеарна војна, пат од кој нема враќање.

-Многу сум загрижен дека се на пат на ескалација кој ќе доведе до нуклеарна војна. Ништ помалку од тоа. Ние имаме војна во која Русија се чувствува дека е во сржта на нејзините безбедносни интереси. САД инсистира дека ќе направи се за да Украина ја порази Русија. Русија гледа на ова како прокси војна со САД. И што и да било кој мисли за ова, ова е пат на екстремна ескалација. И многу се плашам. Голем дел од светот ги следи настаните со запрепастување и не сака да гледа натамошно ширење на НАТО кое тие го интерпретираат како основа на проблемот. Сакаат да видат компромис помеѓу САД и Русија. Во гласањата во Обединети нации Западните држави гласаа за санкции и денунциенција, а поголемиот дел од светот, сигурно најголем дел од светската популација е на страна. Гледаат на конфликтот како ужасен судат помеѓу Русија и САД. Не гледаат на ова како ние што објаснуваме на медиумите дека стнаува збор за неиспровоциран напад од страна на Русија на Украина. Било кој во САД ќе запраша за што станува збор. Но тоа поради начинот на кој нашите медиуми известуваат за настаните. Овој конфликт трае подолго. Не започна на 24 февруари 2022 година. Војната е започната во 2014, а на тоа прехтодеа и други настани. И така поголемиот дел од светот не гледа како што ние објаснуваме, но поголемиот дел од светот е преплашен бидејќи искрено неверојатно е да слушаш од една страна дека ќе се употреби нуклеарно оружје ако има потреба, а другата страна вели не можеш да не исплашиш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во четврток е последниот неработен ден за…

Овој четврток ќе биде последниот неработен ден…

Внимавајте: Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Ковачевски на Самитот Западен Балкан-ЕУ во Тирана

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од…

Захарова: Нема да се повлечеме од нуклеарната…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Утринска магла, променливо облачно и слаб ветер

Наутро наместа со појава на магла, во…