(Видео) Русите доаѓаат: Голем број руски трупи на пат за Украина
Доцна во понеделникот рускиот претседател, Владимир Путин ја признава независноста на сепаратистичките региони во Украина, Доњецк и Луганск, а веднаш потоа побара согласност од руската Дума за испраќање на руска армија надвор од границите на Федерацијата на „мировна мисија“.
Западните медиуми обвинуваа дека повеќе од 200 илјади руски трупи се наоѓаат на границите околу Украина вклучително во Русија, Белорусија, Транснистрија и Крим, што значи дека Украина е целосно опколена.
Не само што руските трупи се околу Украина, според неофицијалните информации руските трупи веќе се на пат накај Украина на само неколку километри од украинско руската граница.
Погледнете:
Снимката споделена на 22 февруари 2022 година од руските граѓани покажува систем за воздушна одбрана Бук-М1-2 на руските вооружени сили 9A310M1-2 TELAR на терен со маскирани церади, заедно со теренските болници, возилата на Росгвардија (Руска национална гарда).
Локацијата е надвор од градот Белгород на само 27 км од границата Украина-Русија.
На снимката пак споделена на 22 февруари 2022 конвој воени камиони кои припаѓаат на Росгвардија (Националната гарда на Русија) се движи кон југ на 70 км до границата со Украина, околу регионот Белгород.
Забележливо, сите возила означени со озлогласена боја „🇿“.
Снимката споделена на 22 февруари 2022 година од руски граѓани покажува воени камиони на руските вооружени сили и некои Амбулантни возила (жолтите ленти) во Курск, Русија.
Снимките споделени од руските граѓани и набљудувачи покажуваат единица на руските вооружени сили 2S19 Msta во близина на регионот Ростов, која најверојатно ќе се приклучи на „мировните единици во Донбас“ на 34 км од Украина.
Снимката објавена на 22 февруари 2022 година покажува конвој на руските вооружени сили на БМП-2 кои се движат околу Валујки, Белгородска област, на 15 километри од украинско-руската граница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…