(Видео) Русите на пат за Киев
Министерството за одбрана на Русија објави видео од движењето на единиците во правец на регионот Киев.
На 24 февруари рускиот претседател Владимир Путин го објави почетокот на воената операција за демилитаризација на Украина. Обраќајќи им се на своите сограѓани, тој рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките од Донбас се обратиле до Москва за помош.
Путин истакна дека целта на операцијата е „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“. За тоа, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“, да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства над цивилите“ во Донбас.
Министерството за одбрана на Русија редовно нагласува дека руската армија не нанесува никакви удари врз градовите во Украина: воената инфраструктура е оневозможена со средства со висока прецизност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поевтинуваат дел од горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Казни и до 2.000 евра доколку се…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
Ѝ кажале дека ќерката прегазила дете –…
На 26.06.2025 во 17.30 часот во СВР…
(Фото) Мигранти пронајдени во камион на бензинска…
Шест мигранти денеска се пронајдени во паркирано…
Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…
Негативна е оценката за владата на Христијан…