Објавено на:

(Видео) Русите на пат за Киев

t

Министерството за одбрана на Русија објави видео од движењето на единиците во правец на регионот Киев.

На 24 февруари рускиот претседател Владимир Путин го објави почетокот на воената операција за демилитаризација на Украина. Обраќајќи им се на своите сограѓани, тој рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките од Донбас се обратиле до Москва за помош.


Путин истакна дека целта на операцијата е „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“. За тоа, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“, да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства над цивилите“ во Донбас.

Министерството за одбрана на Русија редовно нагласува дека руската армија не нанесува никакви удари врз градовите во Украина: воената инфраструктура е оневозможена со средства со висока прецизност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган предлага смртна казна за подметнувачите на…

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи воведување…

(Вознемирувачко видео) Први снимки од пукањето во…

Во главниот град на Норвешка две лица…

„Шарли Ебдо“: Македонија – земјата која повеќе…

Францускиот сатиричен неделник „Шарли Хебдо“ со текст…

Знае ли нешто австрискиот канцелар: Нехамер гледа…

Австрискиот канцелар Карл Нехамер смета дека бугарскиот…

Голем терористички напад во Норвешка: Најмалку 19…

– Норвешката полиција денеска соопшти дека смртоносните…