(Видео) Русија објави каде се и во каква состојба се повредените војници од Азовстал

Русија објави снимка од болница со борците од Азовстал.
Министерството за одбрана објави снимка за која тврди дека покажува дел од ранетите украински војници што се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол во последните два дена. Еден од нив вели дека односот на Русите е нормален и дека тој не е изложен на физичко или психичко малтретирање.
Русија претходно објави дека вкупно 959 украински борци, вклучувајќи 80 ранети, се предале од понеделникот од бункерите и тунелите под фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Руското Министерство за одбрана соопшти дека 694 украински борци се предале во изминатите 24 часа, вклучително и припадници на Азовскиот полк, од кои 29 ранети.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, објави дека украински сили го гаѓале истражниот затвор во кој се сместени дел од војниците.
Видеото во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба: Украина ќе продолжи во битката против…
Украина ќе продолжи во битката против руската…
Путин: Цел свет им се смее на…
Светот им се смее на некои од…
НАТО: Русија има огромна зимска залиха на…
Руските сили се подготвуваат за нови напади…
Москва: Примирје во Украина е малку веројатно…
НАТО се коцка со базичните интереси на…
ЕЦБ предупреди да не се пипаат замрзнатите…
Користењето на средствата може да го загрози…