Објавено на:

(Видео) Руската армија го развеа знамето во центарот на вториот по големина град во Украина!

t

Харков е најголем град во источна Украина и втор по големина град во земјата. Градот е административен центар на истоимената област и претставува главен научен, индустриски и студентски центар во Украина.

Во време на СССР, градот бил најголем центар за производство на тенкови, трактори и турбини и трет најголем индустриски, научен и превозен центар после Москва и Санкт Петербург Во втората половина на XX век, Харков бил главен превозен јазол во Југоисточна Европа.


Во моментов се објавени снимки од Харков на кој се гледа дека на државните институции веќе се развиоруваат руски знамиња!

Украинските војници ги напуштаат своите позиции соочени со руска офанзива, тврди Москва, истовремено тврди дека нејзините вооружени сили не ги напаѓаат градовите и не претставуваат „никаква закана“ за цивилите.

Во соопштението објавено во четвртокот наутро, претставници на одбраната рекоа дека „разузнавањето покажува дека единиците на украинската армија и војници масовно ги напуштаат своите позиции, положувајќи го оружјето“. Не се презентирани директни докази за да се поткрепи изјавата.

Според соопштението, „позициите на вооружените сили на Украина кои го положија оружјето не се напаѓаат. Руските вооружени сили не ги напаѓаат украинските градови. Нема закана за цивилното население“. Москва вели дека голем број воени цели, вклучувајќи аеродроми, одбранбени инсталации и авиони биле погодени со „високопрецизно оружје“ како дел од „специјалната операција“ наредена од претседателот Владимир Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија објави: Загубивме двајца високи офицери во…

Русија призна дека изгубила двајца високи офицери…

(Видео) “Добредојдовте драги браќа”: Со камбани СПЦ…

Српскиот патријарх Порфириј, на својата фејсбук страница…

Не запира: ЕУ во април имала инфлација…

Потрошувачките цени во Европската унија во април…

(Видео) Путин распореди “Терминатори” во источна Украина

Во обид да го зајакне својот арсенал,…

НАТО ќе ги продолжи разговорите со Финска…

Претставниците на НАТО во средата не успеаја…