(Видео) Руското министерство за одбрана: Воспоставивме целосна контрола над небото на Украина

Руската воена авијација oствари воздушна надмоќ на целата територија на Украина, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
Според него, во изминатите 24 часа руските воздушно-космички сили уништиле осум борбени возила Бук М-1, контролни станици за воздушна одбрана С-300 и Бук М-1 и три радиотехнички позиции со станици П-14. четири борбени авиони на земја и еден во воздух.
Руската армија целосно ја презеде контролата врз областа околу нуклеарната централа Запорожје, додаде Конашенков.
„Вооружените сили на Руската Федерација ја презедоа контролата врз градовите Бердјанск и Енергодар. „Руските војници целосно ја чуваат и контролираат областа околу нуклеарната станица Запорожје“, прецизира тој.
Според него, работниците на нуклеарната централа продолжуваат да работат на одржување на капацитетите и контрола на радиоактивната состојба во нормален режим. Радиоактивноста е нормална, нагласи тој.
Групите војници на ДНР и ЛНР успешно ја развиваат офанзивата со поддршка на руските вооружени сили, силите на ДНР напреднаа уште 19 километри, воспоставена е контрола над населбите Хворостјанка, Сухановка, Артјом, Нови Ајдар, додека регионалниот центар на Волноваха е блокиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…