(Видео) Руско оклопно возило во движење разнесе украински камион

Украинскиот портал „Deaf INFO“ објави видео за кое тврдат дека е направено само неколку часа по почетокот на руската операција во Украина, а на кое се гледа средба на руско оклопно возило и артилериска колона на украинската армија.
Снимката од автомобил во движење покажува колона украински воени камиони со артилерија и муниција паркирани на раскрсница во Глухов, мал град на границата со Русија.
За хаосот на војната говори и тоа што Украинците веројатно не успеале ниту да ги сокријат или маскираат возилата, како и тоа што рускиот „БТР“ пука во движење на оддалеченост од само неколку метри.
Погледнете го делот од 45 секунди од видеото на кое се гледа уништувањето на украинското возило.
Руското возило од видеото е „БТР-82“, длабока модернизација на „БТР-80“, што беше воведено во руската армија во 2013 година.
За разлика од основната верзија, „БТР-82“ е вооружен со купола со митралез од 14,5 мм и топ од 30 милиметри за брз оган, кој е поврзан со митралез од 7,62 мм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството ги чека вештачењата на веќе земените…
Обвинителството врши распити но и ги чека…
Евакуиран канадскиот парламент. Полицијата: Акцијата е во…
Како што јави Радио Канада, маж влегол…
Ледено невреме доаѓа кон Македонија: Се очекува…
Денешниот ден донесе вистинска пролет во Македонија…
Без промени на состојбата на повредените кои…
Кај 69 повредени во трагедијата во Кочани,…
Сопругата на Апасиев шокирана: Му отишла дома…
Му отишла дома полиција оти објавил дека…