Објавено на:

(Видео) Самитот за Западен Балкан без присуство на Ковачевски, Вучиќ и Рама?

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ навестува дека е можно лидерите на земјите од Западниот Балкан да не учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во Брисел на 23 јуни. Тој обелоденува дека заедно со колегите од регионот градат став за тоа дали воопшто ќе се патува во Брисел.

Добив официјална покана да присуствувам на состанокот во четврток. Ќе почекам да направиме консултации во рамки на Отворен Балкан, со господин Рама и со господин Ковачевски. Ќе ја консултирам и Владата. Потоа ќе донесеме одлука, дали ќе одиме во Брисел и која ќе биде нашата позиција. Можам да Ви кажам сега што мислам јас, но тоа нема да го сторам пред да се посоветувам со членовите на Владата, а сакам да го чујам и мислењето и на лидерите од Западниот Балкан, да ја видам и чујам нивната позиција, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.


Тој потенцира дека четврток е исклучително важен ден, бидејќи врз основа на тоа што евентуално ќе се случува на Самитот, ќе може да се види каква ќе биде архитектурата во Европа.

Тоа ќе биде можеби најинтересниот ден во последните десет години во Европа, на европско ниво. Не за нас интерно, ама на европско ниво, секако. Можеби најинтересниот ден. Потоа ќе видиме каква ќе биде архитектурата на Европа, ќе можеме да разбереме што не очекува и ќе можеме да го видиме своето место или подобро да го разбереме своето место. Не потценувајќи се себеси, но и не преценувајќи ги ниту нив, ниту нас, рече Вучиќ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ Телма, прашан дали Ковачевски ќе оди на Самитот во Брисел рече дека за тоа одлука утре ќе донесе Владата.

Утре имаме седница. Таа ќе даде му мандат на нашиот премиер за да присуствува или не присуствува. Така што таа одлука, се разбира, ќе биде донесена утре. Не сакам да прејудицирам, чисто кажувам која е формата на таквите посети, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ без срам и перде се јавија…

„Вечерва граѓаните беа сведоци на нови инциденти…

(Фото) Најнов извештај од МВР: 47 полицајци…

47 поврдени полицајци, 11 потешко, 2 посериозно,…

Забрчанец за денешните протести: Вергините, маските и…

„Вергините, маскираните и русјаците ни ја палат…

Дурловски: Секој крај е ваков, полицијата против…

Јавноста е ужасната од денешната полициска бруталност…