Објавено на:

(Видео) Свештеник истепа војник – во украинската црква!

t

Скандал изби во местото Хмелницки, Украина. Во една од црквите на Украинската православна црква, која е поврзана со Московската патријаршија, се степаа свештеник и војник.

Украинскиот пратеник Виктор Бурлик на својата веб-страница објави видео од инцидентот.

Според Бурлик, на видеото се гледа воениот офицер Артур Ананијев. Од почетокот на целосната инвазија, тој доброволно замина на фронтот како дел од 19-от пушкарски баталјон. Во борбите тој се здобил со контузија и краниоцеребрална повреда.

– Колку луѓе ќе умрат пред да престанеш да доаѓаш овде? – прашал наводно војникот, а потоа бил нападнат.

На видеото се гледа како еден од свештениците во мантија го удира војникот. Другите членови на свештенството стојат и не го штитат војникот од нападот.

По обидот на украинското Министерство за култура да ги исели монасите на Украинската православна црква од Киевско-печерската лавра и нивното одбивање да го сторат тоа, украинската служба за безбедност вчера на поглаварот на Лаврата Павел му врачи документ во кој се обвинува за оправдување на руската воена операција во Украина и поттикнувајќи верска омраза.

Тие извршиле претрес во местото каде што живее и го предале на судот во Киев, каде му е изречен двомесечен куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пародија: Членови ќе му се заколнуваат…

Луѓе од партијата блиски до Мицкоски се…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО: Како Мицкоски на Централен комитет…

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, во денешната…

(Видео) Мицкоски никогаш не може да биде…

Како Груевски може да влијае врз пратениците…

(Видео) Ако Груевски се врати во Македонија,…

Мицкоски се договори со странците дека ќе…

(Во живо) Закон за амнестија е потребен,…

Факт е дека членот 353 од КЗ,…