(Видео) СДСМ: Скандал, незаконско работење на градоначалникот на ВМРO-ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски

t

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Денеска СДСМ објавува скандал, основано сомнение за незаконско работење на градоначалникот на ВМРO-ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски.


За целиот скандал поседуваме документи и докази доставени од страна на свиркачи.

Спротивно на законот, градоначалникот на општина Гази Баба, назначил лице без лиценца за ревизор, без положен испит, извесен Добри Петров.

Станува збор за Добри Петров, назначен за вд директор на Јавното комунално претпријатие Гази Баба.

Листата на овластени ревизори е лесно достапна на веб страната на Институтот за овластени ревизори, и јасно е дека Добри Петров нема положен испит за внатрешен ревизор и нема лиценца. (https://www.iorrm.org.mk/doc/%D0%98%D0%9E%D0%A0%D0%A0%D0%9C%20-%20%D0%A0%D0%95%D0%93%D0%98%D0%A1%D0%A2%D0%90%D0%A0%20%D0%9D%D0%90%20%D0%A0%D0%95%D0%92%D0%98%D0%97%D0%9E%D0%A0%D0%98%20-%2018.02.2022.pdf )

Со ова прекршен е Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола. Но, не и последено.

Неовластеното лице кое било незаконски избрано за ревизор, бил исто така незаконски задолжен да изврши ревизија на работата на детската градинка „Детска Радост“.

Тоа е овој документ на којшто стои неговиот потпис.

Бидејќи неовластено лице го правело овој документ, по налог на градоначалникот, злоупотребена е службената положба и овластување.

Понатаму, лицето кое без лиценца ја вршело ревизијата, ревизорскиот извештај, наместо согласно Законот да го достави прво кај директорката на градинката го доставил кај градоначалникот.

Врз основа на овој незаконски Извештај директорката на градинката е разрешена.

Очигледно целта на целата оваа незаконска операција била заради разрешување на директорката на градинката „Детска Радост“.

Со незаконска постапка, со незаконски назначување лице за ревизор кое не било ревизор и со незаконски Извештај.

Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ почитувани граѓани.

Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, кое е локална власт во најголем дел од општините.

Со општините владеат како шерифи, без почитување на закони и прописи со единствена цел, да разрешуваат и да именуваат нивни партиски војници и извршители.

Очекуваме од сите надлежни институции по допрен глас да покренат соодветни законски процедури за овој скандал.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ јавно да го повикаат на одговорност нивниот градоначалник и сите инволвирани во овој скандал.

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски целосно ги демантира наводите истакнати во денешната прес конференција на политичката партија СДСМ како невистинити и со цел замајување на јавноста и граѓаните.

Лицето Добри Петров беше вработено лице во општина Гази Баба на работна позиција Советник во одделението за внатрешна ревизија на јавните установи од 2013 година.

За внатрешни ревизори можат да бидат назначени лица кои покрај општите услови утврдени со закон ги исполнуваат и посебните услови од членот 36 став 3 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола кои лицето Добри Петров во целост ги исполнува. СДСМ немаат познавање ниту на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, ниту на Правилникот за начинот на извршување на внатрешната ревизија и начинот на известување за ревизијата.
Ја упатуваме Богданка Кузеска од СДСМ да се информира од нивниот претходен градоначалник на општина Гази Баба Борис Георгиевски за тоа како за време на целиот негов мандат примал ревизорски извештаи на кој е потпишано лицето Добри Петров како овластено лице кое вршело ревизија во име на општина Гази Баба на јавните установи.
Во прилог на демантот доставуваме потпишани ревизорски извештаи од спроведена ревизија во периодот на мандатот на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ.

Времето на СДСМ во општина Гази Баба заврши.

Општина Гази Баба се гради и менува. Следуваат години на напредок и развој, години на реализација на голем број на проекти со кои ќе се подобри животот на граѓаните на општина Гази Баба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Коњ се појави на тераса во…

Необичен настан се случи вечерва во скопско…

Богојески: Бугарите лажат дека ги нашле моштите…

Петар Богојески укажува на ситуацијата во Бугарија деновиве,…

Најава за нова војна: Руски сенатор вели…

Руски сенатор: Темата за денацификација на Европа…

Охриѓанка заврши во болница откако падна од…

На 21.05.2022 околу 13.20 часот во СВР…

“Шел” ги затвара сите бензински пумпи во…

"Шел" го напушта рускиот пазар! Британската нафтена…