(Видео) Секретарот на Град Скопје го повика МВР да реагира на политичките блокади на градот

Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, денеска побара МВР согласно своите надлежности да реагира за да се отстрани блокадата во градот.
– Би сакал да кажам дека од аспект на ситуацијата, уште од самиот почеток Градот Скопје понуди соодветни решенија, но на некого тие решенија тие не му одговарале, дали заради злоупотреба или политички влијанија, допрва ќе видиме.
Се надевам дека во најкраток период тоа ќе излезе пред лицето на вистината.
Сакам дополнително да потенцирам дека застој во вршењето на јавниот превоз заради ЈСП нема, туку целиот застој е поради блокадата која евидентно има политички одек. ЈСП има капацитет и работи во полна кондиција. Во оваа насока, а со цел заштита на јавниот интерес, го повикуваме МВР да реагира согласно своите овластувања, да преземе мерки бидејќи одреден приватен личен интерес врши штета на Градот, граѓаните и сите чинители и жители на Градот Скопје.
Што се однесува до јавниот повик, сакам да ви укажам дека самиот тој е техничка операција која во суштина е слична, односно иста како и претходниот јавен повик врз основа на кој беа ангажирани претходните чинители.
Сакам да информирам дека има огромен интерес за истиот од страна на заинтересирани лица, особено од страна на оние кои и досега возеле одредени линии. Во однос на јавниот повик сакам да кажам дека тој е отворен и нема ограничувања, на овој начин сакаме да овозможиме секој кој што чесно работи да може да врши дејност согласно закон.
Дополнитлно, што е важно од аспект на утврдување на одредени должничко-доверителски односи, сакам да истакнам дека во моментот исклучително интензивно се врши ревизија на ситуацијата, по која ревизија ќе може да се утврди состојбата.
Сакам да повторам, застој во јавниот превоз од ЈСП нема, застојот е заради политички блокади на поединци кои го загроозуваат јавниот интерес, истакна Глигоров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…
Кој се плаши да види колку народ…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…
Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
„Па нели јас манипулирав за одговорноста на…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…