(Видео) СЕ ЗАПАЛИ КАПАЛИ ЧАРШИЈА: Голем пожар во Истанбул

Пожар го зафатил покривот на Капали чаршија во Истанбул, еден од најголемите и најстарите базари во светот популарен кај туристите, јавуваат локалните медиуми.
Пожарот наводно од непозната причина избувнал синоќа околу 23:00 часот по локално време на покривот на пазарот во областа Султанахмет во центарот на градот.
Бројните пожарникари кои пристигнале на местото на настанот успеале да го стават пожарот под контрола, изјави гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул.
Капали чаршија во Истанбул работи од 15 век. Базарот или чаршијата има вкупна површина од 30.700 метри квадратни и дневно го посетуваат околу 400.000 луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Огромни огнени пламени голтнаа цел трговски…
Голем пожар избувна во трговскиот центар Арши…
Турција: „Сериозни последици“ доколку Израел се обиде…
Турските разузнавачи ги предупредија Израелците дека ќе…
Столтенберг бара Турција да го одобри членството…
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска…
Турција се подготвува за првиот лет на…
Анкара – Турција се подготвува да ја заврши…
Турција ги зголеми каматните стапки на 40…
Зголемувањето на каматните стапки на турската централна…