(Видео) Се подготвува хаос – Шпицниот градоначалник ќе го бетонизира Ѓорче Петров со ДУП за 50 згради

t

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку видео обраќање на Фејсбук, објави урбанистички план за населбата Дексион во општина Ѓорче Петров каде, како што вели Јакимовски, советниците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски изгласале план за изградба на 50 згради, меѓу кои и 17-катница.

– По скоро четири месечно молчење, за раскинување на нашата коалиција, меѓу мене и Христијан Мицкоски, конечно се огласи да ја каже причината во “Студио 10”, при гостувањето кај г-дин Мишко Иванов, нагласувајќи дека причината за нашето раскинување, е тоа што тој не ме поддржува во бетонизацијата на општина Карпош, и изградба на згради.

Мал збор ќе кажам дека човекот е лицемер, и дека лаже.

А, при тоа ќе дадам аргументи.

Ова е урбанистички план од Ѓорче Петров, населбата Дексион,

Каде градоначалник е Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ, и советниците од ВМРО-ДПМНЕ, по налог на Христијан Мицкоски, имаат изгласано урбанистички план, каде треба да се градат 50 згради, повторувам, 50 згради, меѓу кои и 17 катница.

Искрен да бидам, се чувствувам фрустрирано, затоа што, ваков рекорд, со моето искуство, знаење и со мојот капацитет и габарит, јас ваков рекорд не можам да оборам, и за мене навистина ова е недостижна бројка, од 50 станбени згради во еден урбанистички план, кој очигледно го држи шпицен градоначалникот Христијан Мицкоски, на територија на град Скопје, вели Јакимовски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски до Ковачевски: Достоинството или го имаш,…

Достоинство или го имаш или воопшто го…

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Мицкоски: Идната недела ќе поднесеме интерпелација за…

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ идната работна недела…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Мицкоски се мајтапи со Таче: Да се…

Да можеше водење на држава да се…