(Видео) Се појави видео од настапот на Ламбе Алабаковски на Фолк Фест Валандово, два дена пред да биде уапсен

t

Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски е осомничен за потпалување на вратата на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Тој веќе го издржува осумдневниот притвор кој му беше одреден.

Алабаковски, ден по сторување на делото за кое се сомничи, настапи на Фолк Фест Валандово како 19-ти изведувач по ред по песната ,,Нема збогум”. Автор на истата е познатиот композитор Миле Барбаровски кој го направил и аранжманот, а пак текстот е на Ѓеорги Барбаровски.

Во своето последно интервју дадено за време на фестивалот за „Свет-Австралија“, Ламбе меѓудругото ќе изјави:

-Повеќето од она што го слушав за време на живеењето во САД беше македонска музика. Човек кога е далеку од својата земја сфаќа и разбира и се раѓаат едни нови чувства на носталгичност, на емотивност, на љубов кон татковината, на некои вистински вредности и корен на целиот живот и суштината и животот на секој човек. Ние со семејството сме веќе година и половина преселени тука, во Македонија. Планираме тука и да останеме. Мојот дом е тука, во Македонија, изјавил Ламбе.

Погледнете го последниот настап на Ламбе Алабакоски кој по два дена беше биде приведен и притворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународната на нозе: Британец, Швеѓанец и Хрват…

Уште пет странски платеници кои се бореле…

Како да е проколнат: Се запали автобус…

Повторно затворен автопатот Тракија кај Бургас поради…

Донацијата за Украина нема да влијае на…

Три одлуки за донирање на воена помош…

Македонија не е меѓу нив – Путин:…

Русија високо ги цени своите сојузници и…

Низа свечености по повод 30-годишнината од формирањето…

На свечен настан во касарната „Илинден“ по…