(Видео) Се појави и снимка од Москва: Апасиев говори на Руски – нашите дедовци се бореа рамо до рамо против фашизмот

АПАСИЕВ СО ГОВОР ВО ПАРКОТ НА ПОБЕДАТА ВО МОСКВА
На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) д-р Генадиј Зјуганов, претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев заедно со членот на Президиумот на Партијата, м-р Александар Симонов, се во официјална посета на Руската Федерација по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот.
Денес, во рамки на одбележувањето на јубилејните 80 години од победата над фашизмот, Апасиев одржа говор во Паркот на победата во Москва, каде што истакна дека Левица се бори против историскиот ревизионизам и ги брани вредностите на антифашистичката борба:
„Нашите дедовци, партизаните од Југославија, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз против заедничкиот непријател. Во борбата против фашизмот бевме обединети и таа солидарност е основа на нашата историска поврзаност, која сме должни да ја зачуваме.
Во контекст на современата меѓународна нестабилност, особено е важно да се зачува историската вистина и да се спротивставиме на обидите за историски ревизионизам. Победата од 1945 година е победа на антифашизмот и победа на човештвото. Наша должност е да ја пренесеме оваа вистина на идните генерации, да го зајакнеме мирот заснован на почит, еднаквост и солидарност меѓу народите” – потенцираше Апасиев во својот говор.
Во рамките на посетата, претседателот на Левица Апасиев и Симонов ќе остварат средба со левичарските пратеници на КПРФ во Државната дума на Руската Федерација.
Посетата ќе трае до сабота, а утре нашите делегати ќе присуствуваат на главната Воена парада на Црвениот Плоштад во Москва, по повод одбележувањето на големиот јубилеј од Денот на победата над фашизмот.
#СФСН
Стои во соопштението од Левица
Пардон мај РАШН 😘
Posted by Димитар Апасиев on Thursday, May 8, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…