(Видео) Се штеделе последните резерви на мазут: Болницата во Прилеп веќе шести ден е оставена без греење

t

Четири дена се смрзнуваме во болничка соба во која радијаторите се грч ладни, а нема ни клима уред, ниту греалка, тврди триесет и седумгодишниот Рубин Ристевски, пациент од Прилеп, кој поради висок крвен притисок веќе една недела лежи на интерното одделение во прилепската болница. Тој во телефонски разговор за Канал 5 објаснува дека дошол во за да оздрави, ама се доразболел, качил и над 38 температура, бидејќи внатре му е постудено од надвор. Вели, ги прашуваме лекарите зошто е студено, а тие само креваат раменици, пренесува Канал 5.

-Четири дена немаме греење и никој не доаѓа да не праша како ни е на нас, или да донесе нешто за затоплување. За нас овде никој не е заинтересиран. Јас веќе два дена сум со температура, неколкумина сме во собата и повеќе не се издржува. Доаѓаат лекари не надгледуваат, но никој ништо не кажува.

Ладни ли се радијаторите, целосно студени? Да, да, ладни се и никој не доаѓа да каже, ниту да донесе некоја греалка, што ќе правиме понатаму не знам бидејќи навистина повеќе не се издржува. Подобро ќе беше да си останев дома, барем ќе бев на топло.

Има ли барем топла вода? Нема ни тоа, бојлерот е расипан, па се миеме со ладна вода. Ова е хаос, господ да не даде да влезеш в болница… Ова не е болница, ова повеќе ми изгледа на мачилиште отколку на болница, вели Рубин Ристески.

Дел од пациентите на други оддели велат и дека и мажи и жени се ставаат во една соба каде има клима за да се затоплат, како и дека самите лекари им кажуваат да дојдат на хоспитализација со греалка, но директорката на прилепската болницата Кети Смилевска ова го демантира и тврди дека не е вистина.

Смилевска не сакаше да даде изјава пред камера, но во телефонски разговор за Канал 5 вели дека радијаторите не биле ладни, туку млаки, бидејќи се штеделе последните резерви на мазут. Според неа, проблемот со греењето ќе се реши утре кога ќе пристигне мазутот од новиот добавувач, бидејќи на стариот, кој повеќе не сакал да соработува со нив, пред 5 дена му истекол договорот.

Од Министерството за здравство пак, велат дека се информирани за, како што наведуваат оптимизрана потрошувачката на мазут за греење во прилепската болница, земајќи предвид дека добавувачот без претходна најава го прекинал договорот за испорака. Додаваат и дека се работи на трајно решение на овој проблем.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…