(Видео) Силни експлозии во Дамаск!

Рано утринава се слушнале експлозии во близина на сирискиот главен град Дамаск, јавија државните медиуми, додавајќи дека причината не е позната.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека експлозиите влијаеле и оштетиле складишта за ракети кои припаѓаат на групи поврзани со Иран. Организацијата која ја следи војната во Сирија додаде дека нема потврда за загинати или повредени и дека причината за експлозиите не е позната.
Иран е главен поддржувач на сирискиот претседател Башар ал Асад во 12-годишниот конфликт во земјата. Групите поддржани од Иран, вклучувајќи ја либанската група Хезболах и проиранските ирачки групи, ја имаат власта во големи области во источна, јужна и северна Сирија, како и во предградијата околу главниот град. Израел со години изведува напади врз цели за кои вели дека се поврзани со Иран, но ретко ги коментираше деталите за нападите веднаш потоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четворица албански пратеници ќе бидат казнети за…
Комисијата за етика на по 10 дена…
(Видео) Огромна експлозија во фабрика за хемикалии…
Огромна експлозија се случила во една фабрика…
38 НАПАДИ на американски воени бази во…
Американските воени бази во Ирак и Сирија…
Скопјанец превезувал мигранти од Сирија
Полицијата денеска попладне околу 17 часот на…
Приведен скопјанец, во неговото возило пронајдени девет…
Полицијата денеска попладне околу 17 часот на…