(Видео) Скандалозна изјава на Алберт Муслиу: Иселувањето на младите од државата е позитивно, ќе се зголеми вредноста на работната сила

t

„Заминувањето на младите предизвикува недостиг на работна сила, но тоа позитивно ќе се одрази на вработените, бидејќи цената на трудот ќе почне да расте, што може да биде мотив плус за некои да почнат да се враќаат“.

Ова во „10 минути“ на ТВ21 го изјави аналитичарот Алберт Муслиу.

Тој вели дека преселувањето ќе има позитивен ефект, ќе ја зголеми вредноста на работата.

Како за пример ја зема Албанија, бидејќи според него, со зголемувањето на миграцијата се зголемила и вредноста на работната сила.

Според него, тоа предизвикало многу Албанци кои заминале во Грција да се вратат во Албанија.

„Мислам дека Албанија помина низ ова“, додаде Муслиу.

Погледнете го видеото на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=3288992718054130

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 10 години најмалку 500.000 Албанци ја…

Најмалку 500 илјади Албанци ја напуштиле земјата…

Корупцијата е главна причина и мотив за…

4 од 10 млади изјавиле дека ќе…

Егзодус: За еден квартал Македонија ја напуштиле…

Согласно податоците на државниот завод за статистика,…

Политиката и економската ситуација ги бркаат младите…

Политичката криза и лошата економска состојба се…

Истражување на Фондацијата за демократија Вестминстер: Две…

Населението старее, а две третини од младите…