(Видео) Следува ли директна конфротација помеѓу Русија и Украина: Луганск и Доњецк бараат да се повлече украинската армија и да им ги врати териториите, инаку…

t

Политичарот на Комунистичката партија Калашников од Државната дума вели дека границата на републиките Доњецк и Луганск ќе биде признаена како граница на провинциите Доњецк и Луганск – т.е. вклучувајќи градови како Славјанск и Мариупол кои се под украинска воена контрола.

Жителите на новопризнените од руска страна сепаратистички региони очекуваат отцепување на нови територии од Украина.


„Можам лесно да замислам ситуација кога, бидејќи тие би биле само една рака подалеку од моќната поддршка на Русија, дополнителни територии на Украина ќе се кренат и ќе се отцепат. Харков, Днепропетровск, Запорожје, Одеса и Киев. Таму живеат и милиони наши руски сонародници“, вели еден од жителите.

„Момци, време е да си ја вратиме територијата“, велат граѓаните од Доњецк, „верувајте ми, не чекаат“ „Време е да ги вратиме Мариупол и Славјанск“, изјави друг граѓнин

Жител на Авдеевка, територија по контрола на Украина, вели: „Веруваме дека ќе бидеме со вас наскоро. Цел Донбас ќе биде обединет и ќе ги поздравиме Русите со цвеќиња“.

Заменик-претседател на парламентот на „Лугански“ пак истакна „наша територија е целиот регион Луганск, ќе ја повикаме Украина доброволно да ги повлече војниците, во спротивно ќе бидат преземени мерки“.

Пред малку парламентите на Луганск и Доњетск го ратификуваа договорот кој вчера го потпиша рускиот претседател Владимир Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев: Францускиот предлог содржи многу од бугарските…

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во својот…

Бугарски министер: Никој во Европа не разбираше…

Одлуката за Република Македонија го штити бугарскиот…

Осомничените за „Делчевски ниви“ да излезат од…

Скопското обвинителство му предлага на Кривичниот суд…

И Лукашенко се повампири: Украинска армија обвинува…

Украинската армија обвини дека северниот пограничен регион…

МНР бара официјална Софија да ги осуди…

Македонското Министерство за надворешни работи бара од…