Објавено на:

(Видео) Со ракување започнаа преговорите помеѓу Украина и Русија

t

Започна вториот круг преговори меѓу делегациите на Русија и Украина.

Беше најавено дека преговорите ќе продолжат синоќа, а на крајот беше најавено дека двете делегации најверојатно ќе се сретнат во четврток.


Руската страна порача дека преговорите треба да почнат во 13 часот по наше време, но во тој момент украинските претставници објавија фотографија на Твитер, пишувајќи дека почнуваат преговори.

Да потсетиме, двете страни се сретнаа во понеделникот, во регионот Гомел во Белорусија, но без очигледни резултати.

По петчасовните разговори, делегациите најавија дека преговорите ќе продолжат и во наредните денови.

Втората рунда преговори меѓу украинската и руската делегација треба да почне во Белорусија во следниот час.

Минимална цел на украинските преговарачи е воспоставување хуманитарни коридори, односно рути за бегство на цивили од областите во кои се водат борбите. Ова го соопшти украинскиот преговарач Давид Арахами, кој на „Фејсбук“ објави и фотографија со колега од преговарачкиот тим пред хеликоптерот.

– Минимална цел – хуманитарни коридори. Понатаму, според околностите, напиша накратко Арахами.

Барањата на Русија ги објави министерот за надворешни работи на земјата, Сергеј Лавров.

Тој рече дека Русија има три барања: Украина мора да се демилитаризира и денацифицира, да го признае Крим како дел од Русија, кој Москва го анектира во 2014 година, и формално да ги признае двата регионa Донецк и Луганск како независни држави, што Русија го направи пред десет дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слично на членот 5 во НАТО: ЕУ…

Шефот на ЕУ дипломатијата потврди дека доколку…

Димовски распали по Шарената револуција: Се што…

Поранешниот пратеник во македонското Собрание, Илија Димовски,…

Захарова: Нека влезат Финска и Шведска во…

Соединетите Американски Држави, принудувајќи ги Финска и…

Министерката за култура призна: Имало финансиски неправилности…

За работењето на директорот на Албанскиот ансамбл,…

Прекинати преговорите меѓу Русија и Украина

Мировните преговори меѓу Москва и Киев во…