(Видео) Според неофицијални информации руската армија е на 20 километри од КИЕВ!

Владимир Путин нареди руски војници да влезат во источна Украина, откако призна два региони под контрола на бунтовниците како независни држави.
Воените единици кои се упатуваат во Украина сочинуваат околу 190.000 војници собрани блиску до границите на Украина во последните месеци. Тие се опремени со сè, од тенкови и артилерија до воздушна моќ и поморска поддршка.
Неофицијално Украина во моментов е нападната од сите четири страни, на Исток преку регионите на Донбас каде неофицијално веќе е завземен вториот по големина град во Украина, Харков.
На Југ има руска офанзива од Крим, а според украинските медиуми има напади и од Запад од Транснистрија, поконкретно нападната е Одеса.
Во моментов според неофицијални информации и видеа споделени на социјалните мрежи, руската армија се наоѓа на само 20 километри од главниот град на Украина, Киев.
Руските трупи наводно се наоѓаат во Вишгород град во Киевската област (регион) во централна Украина, непосредно северно предградие на националниот главен град Киев, лоциран возводно долж реката Днепар.
Според неофицијалните информации се работи за трупи кои ја продреле украинската граница преку Белорусија од Север.
Според неофицијални информации во центарот на Киев, украинските разузнувачки служби масовно ја уништуваат својата документација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ: Дали енергетскиот систем се води во…
На седницата за пратенички прашања, пратеникот од…
Дурмиши: Немавме инфлација, туку дефлација – Ако…
Овие беа краткорочни решенија за да им…
Поевтинуваат дел од горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Казни и до 2.000 евра доколку се…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
Ѝ кажале дека ќерката прегазила дете –…
На 26.06.2025 во 17.30 часот во СВР…