(Видео) Србите денес се бореа со НАТО на Косово: Урнебесно видео го запали интернетот

Денеска Србите од Лепосавиќ се натпреваруваа против американските припадници на КФОР во влечење јаже.
Имено, Србите во Лепосавиќ протестираат веќе деветти ден откако насилно беше узурпирана општинската зграда, а денеска продолжија „Работничките спортски игри 2023“ кои почнаа вчера.
Тие игри традиционално се играат во Лепосавиќ повеќе од 45 години.
Овој пат учествуваа и американските припадници на КФОР, кои на крајот победија со резултат 2:1 во дуелот со мештаните од Лепосавиќ.
По фер и спортска игра војниците се повлекоа на платото пред општината, кое е опкружено со бодликава жица.
Србите од Лепосавиќ на овој начин сакаа да испратат порака за мир, со надеж дека светот ќе сфати колку тие сакаат мирен и слободен живот, истрајувајќи во мир без да се откажат од своите барања.
Да потсетиме, пред два дена, во близина на општинската зграда во Звечан, каде што беше поставена монтажната ограда, едно момче им подари плетени венци од трева на војниците на КФОР, по повод празникот Света Троица, додека грчки војник потпишал Т- кошули за матурантите и во Звечан кои таму ја прославија матурата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…