(Видео) Средба Ковачевски – Кравињо: Португалија ќе обезбеди поддршка за евроинтегративниот процес

t

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо, кој е во дводневна официјална посета на нашата земја, соопштија од владината прес-служба.

„На средбата премиерот Ковачевски и министерот Кравињо уште еднаш ја потврдија успешната билатерална соработка помеѓу Република Северна Македонија и Португалија и разговараа за можностите за интензивирање и унапредување на економската билатерална и мултилатерална соработка, во контекст на постојната економска и енергетска криза со која се соочува светот“, стои во соопштението на владата.

Министерот за надворешни работи на Португалија изразил искрени честитки за отворањето на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ, посочувајќи дека за оваа одлука биле потребни и политичка и државничка храброст. Кравињо го информирал премиерот Ковачевски дека Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка, во континуитет во текот на целиот евроинтеграциски процес.

На средбата со португалскиот министер за надворешни работи присуствуваше и вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска.

Според агендата министерот за надворешни работи на Португалија Кравињо, во рамките на официјалната посета имаше одделни средби со министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи, со заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, а средба е предвидена и со претседателот на државата Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…

Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…

Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…

Претседателот на Владата на Република С. Македонија…

Мицкоски до Ковачевски: Достоинството или го имаш,…

Достоинство или го имаш или воопшто го…

Каракамишева: Ако ова не е страшно за…

Целата јавност со горчина ја критикува реакцијата…

Ковачевски: Невработеноста е на историски најниско ниво

„Стапката на невработеност се очекува дополнително да…