Објавено на:

(Видео) Српски репортер со чеченските специјалци влезе во Севернодонецк и сведочи за ситуацијата во градот

t

Северодонецк, град со предвоено население од нешто повеќе од 100.000 жители, во последните седум дена е во центарот на вниманието на светот поради контрадикторните информации за битките што се водат таму. Русите тврдат дека градот e практично паднат, додека украинската страна тврди дека нивната војска продолжува да пружа отпор и да контролира важни урбани области.

Репортерот на српски „Ало.рс“, Игор Дамјановиќ е еден од ретките новинари кои влегле во градот со припадниците на јуришниот баталјон на чеченските специјални сили „Ахмат“. Како што раскажува, таму ја поминал ноќта и следниот ден се прошетал во центарот на градот.

Тој вели дека ундустриската зона на градот е последното упориште на украинските борци, кои се бомбардирани од милицијата Луганската Народна Република. Украинците, пак, од соседниот Лисичанск гаѓаат кон Северодонецк.

Во продолжение сведоштвото од Севернодонецк на српскиот воен репортер.

„Од главната база на специјалните сили „Ахмат“ тргнавме вечерта околу 9 часот кон Северодонецк. Патот најмногу водеше низ шума и би се рекло дека неодамна бил пробиен.

Ова е селото Бурдишонка, Германците ги избркавме од тука пред две недели – со насмевка вели Ахмед, командант на јуришниот баталјон на чеченските специјалци.

Чеченските борци во жаргон ги нарекуваат своите украински противници – Германци. За разлика од војниците на руската армија, кои секогаш имаат покриено лице на јавно место и се многу скржави на зборови, Чеченците не се кријат и се целосно отворени за разговор.

Во глуво доба од ноќта стигнавме до штабот на јуришниот баталјон на Ахмед во Северодонецк, каде што чекавме да се раздени. Ноќта во штабот помина мирно, но во неколку наврати ме будеа детонации од минофрлачки гранати, кои, како што ми објаснија, паднале на неколку стотини метри од нас.

Не гранатираат и гаѓаат со артилерија од блискиот Лисичанск. Тоа не е проблем за моите борци, но, за жал, страдаат цивили – вели Ахмед.

Веќе во 6 часот изутрина штабот на јуришниот баталјон беше во целосна борбена готовност, дежурните офицери доставуваа записници како поминала ноќта и што пријавиле патролите од терен. Ахмед и неговиот помошник ме однесоа со џип до зградата на злогласната Служба за безбедност на Украина (СБУ). Тие тврдат дека украинските безбедносни сили побегнале во паника и оставиле многу документи и снимки во сефовите, кои им биле предадени на руските разузнавачки органи. Сефовите и зградите биле минирани, а во неколку канцеларии на масите сè уште лежат расфрлани прачки динамит и искинати кабли.

Од зградата на СБУ отидовме до центарот на Североднецк. Две продавници беа отворени. Во продавницата за храна имаше повеќе постари луѓе. Во втората, каде што се продава покуќнина, помлада девојка и маж на околу 40 години ни кажаа дека од 28 мај во градот нема украински војници и дека украинската војска го бомбардира градот од своите позиции во Лисичанск, на околу пет километри, како и дека ден претходно го уништиле локалниот водовод.

За време на разговорот, во продавницата влезе една постара госпоѓа и горе-долу се вклучи во разговорот.

Гувернерот (Сергеј) Гајдај е најодговорен за уништувањето на нашиот град, нему баш му беше гајле за за градот и побегна од тука со украдените милиони. Јас сум Украинка, ја сакам оваа земја, но би сакала да живеам како што живеевме во Советскиот Сојуз.

За време на престојот во градот се слушаа чести експлозии, дел од дејствувањето на украинската војска од правец на Лисичанск, други од правец на индустриската зона, од бомбардирање на милицијата на ЛНР со артилериски системи. Ахмед вели дека индустриската зона е последното место во градот од каде што украинската армија пружа организиран отпор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска: Муареми не си даде оставка, туку…

Обвинителката Вилма Русковска во денешната изјава за…

Бурна свадба во Тетовско: 60-годишник пукал од…

Тетовската полицијата информира дека половина час пред…

(Видео) Еве како ќе изгледа мега паркот…

Општина Ѓорче Петров ќе добие МЕГА ПАРК…

Полицајка и постар маж повредени во судирот…

Вчера во 08:35 часот било пријавено дека…

Пороен дожд, грмежи, град и силен ветер:…

Подрачјето на земјава од утре до средината…