(Видео) СТАРАТА ЖЕНА ВО СТРУМИЦА БИЛА УБИЕНА – полицијата трага по сторителот, еве на каков начин го извршил делото!
Жената пронајдена мртва во својот дом на улицата ,,Димитар Цветинов’’ во Струмица не починала од природна смрт туку врз неа имало употребено сила, објавува ТВ 24.
Според првичните информации на Основното јавно обвинителство од Струмица таа починала од задушување конкретно била задавена. Случајот ќе го водат како убиство за што веќе е отворена постапка а до МВР веќе биле издадени наредби за собирање на дополнителни докази.
– Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на давење и задушување, како и две скршени ребра. Во куќата нема знаци за насилен влез, но е видливо претурање по лични предмети.Во насока на испитување на настанот, се вршат разговори со сите лица кои би можеле да имаат определени сознанија. – стои во известувањето од Јавното обвинителство
Безживотното телото на 83 годишната жена беше пронајдено во петокот попладне во семејната куќа од нејзини роднини по што веднаш била повикана брза помош. Увидот на надлежните освен во петокот навечер траеше и во претпладневните часови во саботата, а телото беше предадено на обдукција. Соседите кажаа дека старицата живеела сама. Ја виделе во петокот како се враќала од Црква, а вечерта разбрале дека таа била пронајдена мртва во нејзиниот дом.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама: Планот за азил во трети земји…
Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…
Претепан и ограбен малолетник во Струга
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…
Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…
Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…
Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…
Шестмина осомничени за уривање на уставниот поредок…
Шест лица се приведени во српската Палата…