(Видео) Стоилковски му упадна на Каевски на прес: Како на 30 години направи 4 милиони?

Ја разбираме нервозата во СДСМ поради слабиот рејтинг и поради тоа што многу брзо ќе треба да се соочат со одговорност за криминалот кој го прават сложно со ДУИ, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Обвинувањата на СДСМ доаѓаат од партијата чиј што долгогодишен лидер, а сега претседател во сенка Зоран Заев е аболиран за криминал кој неговиот пиун Ковачевски здушно го брани. Но кога веќе покажуваат јавен интерес да говорат за криминал, јавно прашуваме како младиот пратеник и поранешен директор на АМС Дарко Каевски со државна плата за една година се стекнал со имот од три стана и куќа. Како во последната година го зголемил својот недвижен имот за скоро 170 метри квадратни станбена површина? Како Каевски е единствениот триесетгодишник кој на сметка има 4 милиони денари, а не е иноватор или ИТ инженер, од каде му се парите? СДСМ да престане да го користи обвинителството и судството како своја општинска организација? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение видеото за кој СДСМ и Каевски немаат одговори продолжувајќи да ги слушаат нарачките од Заев и Ковачевски, додаваат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џафери: Горд сум што сум од Форино,…
Претседателот на Собранието, Талат Џафери на седницата…
Ајде реприза – Османи: Ако го прифатиме…
Македонскиот шеф на дипломатија, Бујар Османи информира…
Беким Сали не смета дека треба да…
Министерот за здравство, Беким Сали, вчера беше присутен…
Лавров: Западот се обидува да ја наметне…
Некои западни земји почнуваат да ја разбираат…
Србија ги ограничи цените на брашното, зејтинот,…
Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на…