(Видео) Стојаноска: Заев преку Ковачевски се обидува да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите kpиминали

t

Шеста година по ред започнуваме со истата мантра, истите ветувања, истите луѓе. А исти се, дури и надградени, четирите кризи, но и задолжувањата и криминалите. Сега истите луѓе ќе ги гласаат истите политики- пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница за избор на нова Влада.

Стојановска рече дека Заев се обидува преку Ковачевски да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите криминали, но сепак тоа нема да му успее затоа што ќе дојде судот на народот и департизираните судски институции.

Ковачевски многупати изјави јавно дека тој не е политичар, туку дека е експерт. Токму овој момент мене ми дава за право да се посомневам во тоа дека ковачевски е човек од збор и дека ќе води своја политика како премиер, дека ќе е свој во изборот на тимот и во ставовите. Да изјавуваш дека не си политичар пред само неколку месеци, а денес да си претседател на политичка партија и октроиран за мандатар е навистина огромна сличност со Зоран Заев или пример за тоа како некој може да се понижи до толку за да Заев биде неговиот патрон, покровител, па дури и Бог на кој му се поклонува- рече пратеничката Стојановска.

„Еден универзитетски професор, да и се поклони на главата на мафијата во државава, да му се поклони на еден човек кој бегал од часови на училиште и едвај завршил факултет, еден ваков универзитетски професор може да биде само еден лош пример и срам за сите останати негови колеги“, дополни Стојаноска.

За предложените имиња во новата влада Стојановски истакна дека се доказ дека СДСМ навистина нема избор и иднина во која треба да се верува и на која треба да и се даде шанса, по кој знае кој пат.

„Македонија и нејзините граѓани се преморени од давање шанси, Македонија и нејзините граѓани сакаат луѓе со кредибилитет и без ниту еден направен криминал до сега. Доста ни е од криминалци и манипулатори, нема ниту време ниту место за трета шанса за заевизмот и неговите старо – нови ликови. Заев во ликот и делото на Ковачевски нема да трае долго, но долго ќе траат последиците од нивните шанси, едно е да ја украдете шансата а сосема друго е да ја заслужите. Оваа украдена шанса скапо ќе ве чини на следните избори, кај и да е ќе ве стаса како резултатите така и одговорноста, бегање нема“, заклучи Стојаноска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Атанасовски: Се наметна националистичка теза дека целата…

По усогласените препораки на македонско-бугарската Комисија за…

Пендаровски доби медал за заслуги од Националната…

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот…

Маричиќ: Целта на Македонија е да биде…

Евроинтеграцијата не зависи само од нас и…

Договореното од историската комисија треба да се…

Со Протоколот што е потпишан минатиот месец,…

Јубилеј: Армијата на Република Македонија слави 30…

Денот на Армијата 18 Август и јубилејот…