Објавено на:

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа: Верижен судир на повеќе од 100 возила во САД

t

Верижен судир за време на снежно невреме, во кој учествуваа повеќе од 100 автомобили, затвори дел од меѓудржавниот автопат во американската сојузна држава Илиноис, соопшти локалната полиција.


Дел од автопатот 39 во близина на Ел Пасо, Илиноис, беше затворен по неколку несреќи што започнаа во четвртокот попладне по локално време, објави ABC7.
Засега не е познато дали има повредени.

Автопатот ќе биде затворен 12 часа меѓу градовите Нормал и Минок, објави државната полиција на Илиноис на Твитер.
Според видеото што го направил по несреќата, возачот на камионот Дејвид Тросер се излизгал од патот при верижен судир, а на видеото се гледаат бројни автомобили, камиони и приколки со трактор расфрлани на патот.

Луѓето се бореа да ги ослободат своите возила од снегот, а целата задна страна на една лимузина беше откорната, јави Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД со предупредување за Турција: Да не…

Соединетите Американски Држави ја предупредија Турција да…

Жртви би биле 5 милијарди луѓе: Кој…

Кои земји би можеле да ја преживеат…

Фенгхе: Кина не може да се “скроти”,…

Кинеската Народноослободителна армија не се плаши од…

ФБИ: Безбедносните агенции се соочуваат со закани…

Федералното биро за истраги и Министерството за…

Захарова: На САД не им успеа да…

Плановите на САД да ја изолираат Русија…