(Видео) Страшно! – Путин ги стави нуклеарните сили на готовност: Ова е одговорот на санкциите и потпалувачката реторика на НАТО – светот на чекор од нуклеарна војна

Во моментов рускиот претседател Владимир Путин е на средба со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов.
Претседателот Владимир Путин неофицијално наредил руските сили за нуклеарно одвраќање да бидат на готовност поради тензиите со Западот околу Украина.
Tој им нареди на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов да ги префрлат нуклеарните сили во посебен режим на борбена должност.
Рускиот лидер го привлече вниманието на фактот дека западните земји преземаат непријателски акции против Русија во економската сфера – станува збор за „нелегитимни санкции“. Освен тоа, лидерите на водечките земји од Северноатлантската алијанса си дозволуваат агресивни изјави против Москва.
„Врвните функционери на водечките земји на НАТО, исто така, даваат агресивни изјави против нашата земја, затоа им наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги префрлат силите за одвраќање на руската армија на посебен режим на борбена должност, изјави шефот на државата.
Претходно белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека политиката на санкции има за цел да ја елиминира Русија како конкурент и води кон нова светска војна.
„Во ваква ситуација треба да бидеме свесни дека има такви санкции. Многу се зборува за банкарскиот сектор. Гас, нафта, СВИФТ. Тоа е полошо од војна. Русија се турка кон трета светска војна. Треба да Бидете многу воздржани и оддалечете се од тоа, бидејќи нуклеарната војна е крај на сè“, рече Лукашенко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дневен хороскоп за 27 март
Овен Овој ден, конечно ќе можете да…
Македонија пред нов студен бран:Врнежи од дожд,…
До крајот на четврток 27 март во…
Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа
Русија има тајна база за нуклеарно оружје…
Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…
Aston Martin го претстави својот нов модел,…
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…