(Видео) Таче не е од тука

t

Новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски попознат по прекарот Таче не знае дали Македонија и Бугарија имаат заедничка историја.

Ова го изјави вчера новиот мандатар за состав на Владата во своето интервју на Канал 5 телевизија, напоменувајќи дека историјата треба да им се остави на историчарите и Комисијата за историја со Бугарија.


А кој е ставот на бугарската страна во историската комисија…

Ангел Димитров, шеф на бугарскиот дел од македонско-бугарската експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана според Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земј вели дека треба да се знае „дека во современата Македонија постои неизвесен идентитет, поради неколку луѓе кои ја создаваат генезата за постоење на македонска нација. По 1944 година беше силно наметната тезата дека Македонците се посебен словенски народ, кој секогаш бил нешто самостојно, отсекогаш бил нападнат и асимилиран од соседите. Ова беше класична теза на македонизмот. Се разбира, во дел од македонското население, кое не е толку младо, се задржува генеричкото сеќавање и тие скриено знаат за бугарската позадина на постоењето.

За членот на бугарската комисија за историски прашања, профсорот Кирил Топалов членовите на комисијата од македонска страна биле добро обучени фалсификатори на историјата кои иако ги знаеле фактите, не сакале да се усогласат со нив.

„Тоа значи дека до 1944 година бевме еден народ со еден јазик – бугарски народ со бугарски јазик. Потоа ја создадоа оваа српско-македонско-дијалектно-бугарска мешавина што ја нарекуваат македонски јазик. Тие може си го нарекуваат како што сакаат. Но, наше право е да го признаеме како таков или не. Ние сакаме многу малку од нив, тие не се подготвени да се откажат, дури ни не го почитуваат договорот“, вели Топалов.

Фала Таче

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Протести на бугарското ВМРО: “Не ја…

Бугарското ВМРО протестира против евентуалното паѓање на…

Маричиќ: Должност ни е да дадеме шанса…

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во вечерашното…

Бугарија драстично ја намалува финансиската помош за…

Бугарија ја намалува помошта за Украинците кои…

Османи: Особено ги ценам француските напори за…

Остварена средба со висока делегација од француското…

Македонија се соочува со негативни демографски трендови

Актуелните демографски трендови во РС Македонија не…