(Видео) Траорно сведоштво на Македонка: После војната нам Русија ни помогна, Европа ја сакаме ама тие сакаат да не избришат!

t

Пренесуваме сведоштво на Македонка која во емисијата “Јади Бурек” со Јанко Илковски, пренесува траорни сведоштва за страдањата на Македонците после Втората светска војна.

– Им честитам на сите што излегоа, на македонскиот народ да си го дадат своето НЕ за ова наше погубување. Тоа е рамка која сака да не уништи. Пример ќе дадам, бидејќи сум родена во делот на Македонија под грчка окупација која нашата власт никогаш не ја споменува.

Кога заврши втората светска војна, јас сум родена во престолнината на Александар Македонски, 44-та година моите браќа учеа училиште во Солун, се склучи оној договорот за капитулација на Германија, сојузниците што дојдоа да помагаат го бомбардираа Солун.

Татко ми мораше да ги земе моите браќа од Солун, да ги донесе, ние бевме во скривници ама се се слушаше до нашето село. После тоа 44-та и 45-та година ние моравме да напуштиме.

Во Лерин, Костур, Воден почнале да учат македонски јазик, Грција го организира онј напад на планинските градови и села, Французите дојдоа, дојдоа Англичаните и Американците. Ранетите граѓани, селани, кои одеа на гурбет сите. Русија организираше дел од борците да ги пренесат во Албанија, цела Европа молчеше. Првиот брод што тргна од Албанија кон Русија залутала кон грчкото море, не кон слободната зона и дале знак за рускиот брод да тргне, а Европа не зема ни едно дете, ранет, човек од бродовите што тргнале назад за да не залутаат.

Европа ќутела, поминале бродовите со ранети луѓе низ цела Европа, ни едно дете нема земено.

Сега истата приказна Европа ја прави со Русија, сите даваат санкции кон нив, дури и нашите Македонци кои не знаат дека се Македонци, дека Македонија е голема, е разделена почнаа со бугарската рамка префрлена преку Европа.

Кога народот излезе, претседателот излезе и кажа дека не го прифаќа францускиот предлог, доби сила, ама нашите политичари се најголеми кривци.

Европа не ни помогна, Русија им помогна на Македонците после војната… Европа не сака да не прима, ние сакаме, ние сме родољубив народ, сака да не избрише нас. Ова е Македонија и мајмуни да се родеа ќе беа македонски мајмуни, вели Македонката.

Погледнете го видеото од целиот разговор во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) За сите што нѐ негираат: Потресно…

Ирма Елена Петко, Македонка која е свесна…

(Видео) Траорно сведоштво на Македонка: После војната…

Пренесуваме сведоштво на Македонка која во емисијата…

“Акт на ГЕНОЦИД”: Потресно сведоштво на жртва…

Трагедијата што се случи во Одеса на…

(Видео) Имаше многу крв, луѓето газеа едни…

Кондуктер кој бил во вагонот на метрото…

(Видео) Траорно – Жителка на Мариопол низ…

Жителка на Мариопол ја опишува евакуацијата од…