(Видео) Уапсен трговец со деца призна дека киднапирал деца за трговија со органи

t

Во видео признанието на уапсениот трговец со деца на Украинско-Словачката граница тој признал дека киднапирал деца од школо во Перечин, Украина.

Трговецот со деца и екс учител во школото, признал дека добил 1000 долари како аванс да киднапира едногодишно дете. Тој беше уапсен на границата на Украина со Словачка и беше затворен. На видеото од украинскиот новинар Виталиј Глагола тој признава за целата шема со трговијата со деца и открива и други инволвирани лица.

Уапсениот трговец со деца Вародиј признава дека тој и уште други лица биле вмешани во трговијата преку разни активности на невладини организации за помош. Невладината организација работела со сирачиња од школото во Перечин, Украина и децата ги носеле во Америка, Германија, Холандија, Италија и други земји.

Шемата била со фалсификувани документи дека сирачињата се носат за посвојување во поразвиените земји истите да ја поминат границата, каде потоа завршувале на пазарот за вадење органи. Во еден од случаите 25 деца биле однесени на патување на запад, но само 23 се вратиле, по што учениците и властите почнале да се сомневаат и да прашуваат каде се децата, а претставници на школото давале различни изговори зошто децата не се вратиле.

Вароди признал дека децата што не се вратиле биле продадени на трговци за органи и нивната судбина се` уште не е позната. На видеото Вароди ги обвинил и директорот на школото, неговиот син и уште една вработена за вмешаност во трговијата. Новинарот Глагола ги повикал властите подлабоко да го истражат случајот и сите инволвирани да платат за стореното.

Видеото може да го погледнете на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Волстрит Журнал: Западот стравува од колапс на…

Загриженоста, наводно, доаѓа во време на големи…

Павел: Западот го прекрши ветувањето за Украина

Киев никогаш не добил соодветни резерви на…

Билд: Украинските војници користат „50-годишни стари Лади“

Киев никогаш не требаше да ја започне…

Захарова: САД замижуваат пред украинскиот теpоpизам

Вашингтон е де факто одговорен за нападите…

Уште една членка на НАТО остана без…

Помошта ќе продолжи, но на други начини,…