Објавено на:

(Видео) Убиен вработен при напад на телевизија „Топ канал“ во Тирана: Напаѓачите го запалиле возилото со кое избегале

t

Непознати напаѓачи синоќа се обиделе да упаднат во зградата на албанската телевизија Топ чанел во Тирана, при што убиле еден работник. Набргу по нападот, кој се случил околу еден час по полноќ, на блискиот автопат било пронајдено опожарено возило „Ренџ Ровер“, за кое се претпоставува дека било користено во нападот, пишува Albanian Post.

Се претпоставува дека во запаленото возило се наоѓа и оружјето, калашников, што бил употребен во нападот. Убиениот работник имал 60 години, а починал на пат кон болница. Се уште не се познати мотивите на напаѓачите.

Веднаш по нападот, кој се случи на главниот влез во зградата на Топ чанел, полицијата започна опсежна потрага по напаѓачите. Поставени се контролни пунктови низ албанската престолнина, пренесува српски Телеграф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелони: Нема да дозволам Италија да стане…

Италијанскaтa премиерка Џорџa Мелони изјави во Њујорк…

ПАДНАЛ РУСКИ АВИОН СУ-34! Министерството за одбрана…

Руското Министерство за одбрана информира дека бомбардер…

(Анкета) Груевски води со 9:1 пред Мицкоски…

Панорама 2 се случува на социјалните мрежи…

ДУИ: Измените во Кривичниот Законик ги бараше…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска преку…