Објавено на:

(Видео) Украински нацист го сруши наративот на Западот за Украина

t

Јевхен Карас, лидерот на украинската нео-нацистичка парамилитантна група С14, во говор одржан во Киев на почетокот на февруари, едноставно го „сруши“ целосниот наратив на западните медиуми околу ситуацијата во Украина… Во продолжение ви го пренесувам целиот текст.

„Сега ни даваат толку многу оружје, не како што некои велат дека „Западот ни помага“, не затоа што тие го сакаат најдоброто за нас, туку затоа што ги извршуваме задачите кои Западот ни ги поставува, затоа што сме единствените кои се подготвени да го прават тоа, бидејќи ни е забавно, ЗАБАВНО НИ Е ДА УБИВАМЕ и забавно ни е да се бориме и тие си велат: „Леле, ајде да видиме што ќе се случи“.

И тоа е причината за новата алијанса – Турција, Полска, Британија и Украина. Ние сме тука водечките, затоа што започнавме војна што не е видена 60 години!

Така, замислете колку оружје имаме, колку ветерани имаме… И сега замислете ако Русија се распадне, се претвори во 5 различни Русии или сл…

Имаме најмногу „Javelin“ (американски преносен анти-тенковски ракетен систем) на европскиот континент, можеби само Велика Британија има повеќе. Потенцијалот на овие вооружени сили веднаш ќе стане проблем за сите оние кои сега се обидуваат нам да ни создадат проблеми.

Наше задоволсто е, но и наша жалост… Морате да разберете зошто…

Да, тешко е, но не затоа што „ние сме Украинци, сме страдале 300 години, зошто не ни биде дадено сѐ што е добро, ние сме така добри луѓе, ние сакаме да се приклучиме кон Европа…“ НЕ, ние сме голема и моќна држава и ако дојдеме до позиција на моќ, тоа ќе биде и задоволство, но и проблем за целиот свет. Така, тоа е една амбициозна и голема цел, живееме во едно навистина интересно време и затоа пред нас е една екстремно амбициозна и интересна цел, не само да станеме „дел од европското семејство“ кое веќе се распадна, туку станува збор за новите политички алијанси на глобално ниво, односно новите политички предизвици.“ – вели Карас во првиот дел од неговото обраќање.

Потоа, тој продолжува околу насилната промена на власта во Украина во 2014 година, односно т.н. „Мајдан“.

„Мајдан беше победа на националистичката идеја, националистите беа клучен фактор таму и јасно во првите линии. Сега имаме многу шпекулации од типот: „Па, имаше само неколку нацисти“, ЛГБТ здруженијата и странските амбасади велат: „Немаше многу нацисти на Мајдан, можеби само околу 10% од вистинските идеолози.“

Работата е што таква работа може да изјави само некој кој е морон кој никогаш не бил во војна и не разбира дека тие 10%, можеби дури и помалу – 8%, но колку тие беа поефикасни во соодносот на влијанието, колку нивната ефикасност беше неограничена. Ако не беаа тие 8% (нацисти), ефективноста (на Мајданот) ќе се намалеше за 90%.

Значи, бројките не се клучен фактор. Сега некои лево-ориентирани организации, како „Фондацијата Boell“ и други, се обидуваат да ги сметаат бројките, велејќи: „Имаше толку и толку националисти, имаа толку и толку влијание…“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се преврте автомобил на патот Гостивар-Кичево

Автомобил се преврте претпладнето на патот од…

Бомба на српско „Време“: Истата кинеска компанија…

Истиот кинески изведувач стои зад работата на…

Вучиќ очекува средба со Трамп во следните…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека…

„Се гледаме на 4 април“ – Најавени…

Поради нападот на деканката на Филозофскиот факултет…

Вандализиран автобусот на Чаир 2030 во Куманово…

Кошаркарскиот натпревар меѓу Куманово и Чаир 2030…