Објавено на:

(Видео) Утринава повторно гореше Азовстал: „Направете нешто да прекине овој пекол!“

t

Со недели борците на полкот Азов ја бранат челичарницата во Мариупол. Во меѓувреме се евакуирани бројни цивили, но за борците има мала надеж. Нивните најблиски се очајни.

Една кратка порака дневно, тоа е сѐ што Катерина Прокопенко добива од својот сопруг овие недели. Најчесто со иста содржина: „Се држиме.“ Мажот на Катерина е Денис Прокопенко, командант на полкот Азов. Со недели неговата единица, заедно со другари од Националната гарда, од морнарицата и неколку полицајци се опколени во челичарницата Азовстал во Мариупол.

Нејзиниот маж се променил, вели таа. Пред неколку недели уште звучел позитивно. „Ми пишуваше, не треба да се грижам, сѐ ќе биде добро.“ Но, од пред неколку дена тој испраќа други пораки. „Единствената надеж која ја имаме сте вие. Ве молам, направете нешто за да заврши овој пекол“.

Утринава Азовстал наликуваше на вистински пекол поради руските бомби кои ги разбудија борците на нацистичкиот батаљон Азов, рано изутрина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АА за “Рамковниот”: Целта не е постигната,…

Охридскиот договор е документот што направи промена…

САД распоредуваат нова група американски војници во…

Американски војници ќе бидат распоредени во Бугарија…

Македонски средношколци се враќаат со три медали…

На 34. Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ…

Захарова: Црна Гора е неспособна да се…

Захарова за протерувањето на дипломат од Црна…

Фуере: Бугарија се однесува како колонијална сила,…

Охридскиот договор го издржа предизвикот на времето,…