(Видео) Францускиот предлог е лош, ама подобар може и да не добиеме

t

Поранешниот амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Арсим Зеколи, смета дека првиот проблем настанал со Преспанскиот договор и „поради дирeктна вклученост на западните дипломати, тој процес се држел во координати и се давал привид на олеснување, но со конкретна цел – да се влезе во НАТО“.

„Тоа се држеше во едно корито кое беше определено во стартна точка од времето на Груевски. Таа контрола на процесот од страна на американската и европската дипломатија обезбеди успешен епилог, за кој допрва ќе видиме дали ќе има последици. Нешто не е во ред со тој избрзан премин од длабока 50-годишна недоверба, во едно братство пренесено преку односот на Борисов, Заев и Димитров. Бев убеден дека ова води кон поголема криза во односите и така се покажа“, рече Зеколи во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24..

Тој вели дека нема место за оваа „депресивна состојба на катаклизма што ја имаме сега“, иако францускиот предлог го смета за лош.

„Со тоа ќе се согласат сите. Проблем за нас е што тој договор е дериват на Договорот од 2017. Да бидеме внимателни околу тоа дали е толку лош, бидејќи може да ни се понуди нешто полошо. Пред три години, прашањето за идентитетските спорови беше апсурд, а денес е дел од мејнстримот во Европа, наметнат од Русија кон Украина. Во таа понуда, ја има дефиницијата дека сето наведено не подразбира дека Бугарите го признаваат јазикот и кај нас тоа е интерпретирано како негација“, вели Зеколи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се јави нацистот: Македонија да се извини…

Има многу внатрешни проблеми во Европската унија…

Радев се жали: Наместо европска солидарност Бугарија…

Владата на холандскиот премиер Марк Руте на…

Бугарски медиум ги попари властите и историчарите!…

Колку е повулгарна лагата, толку полесно ја…

Бугарското МНР штрајкува за повисоки плати

Вработените во бугарското Министерството за надворешни работи…

Портпаролот на бугарското МНР: Манупулациите на историската…

Сите манипулации што заедничката комисија со Македонија…