Објавено на:

(Видео) Хаос во Австија: Едно лице загина во силно невреме

t

Австрија синоќа ја зафати силно невреме, а едно лице загина.

Најлошо е во Корушка, особено во областа Вилах, пренесува „Кронен цајтунг“.

Во тој реон во спасувањето на мештаните учествувале 30 противпожарни единици, а планинската спасувачка служба со кучиња трагачи трага по две исчезнати лица. Починало повозрасно лице (82). Локалните власти соопштија дека повеќето луѓе се спасени. Се молат луѓето да не ги напуштаат куќите и по можност да останат на горните катови. „Опасноста од лизгање на земјиштето е преголема“, наведуваат тие.

„Три села се целосно отсечени од светот“, изјави Мелани Рајтер, портпаролка на организацијата за Корушка, регион на границата со Италија и Словенија кој е погоден од лошите временски услови.

– За неколку часа, падна количината на врнежи за цел јуни, изјави Герхард Хохенвартер од австрискиот институт за метеорологија и геодинамика (ЗАМГ).

Австрија првпат доживеа екстремен топлотен бран оваа недела, проследен со серија грмотевици. Научниците предупредуваат дека зголемувањето на бројот на екстремни временски услови во Европа е директна последица на глобалното затоплување, пишува агенцијата Франс прес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Силно невреме во Кавадарци: Поплавени се…

Силно невреме проследено со обилни врнежи од…

(Видео) Езера во Белград: Големо невреме направи…

Силни и обилни врнежи пропратени со грмежи…

(Фото) Триесетина интервенции на ЈП “Паркови и…

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по…

Мора да се штеди: Австриска покраина размислува…

Австриската покраина Долна Австрија размислува поради енергетската…

Пороен дожд со силен ветер: Еве каде…

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и…