Објавено на:

(Видео) Хаос во Њу Јорк: Протестанти викаа за време на прес конференција на демократите за мигрантите

t

Бесни протестирачи извикуваа „затворете ја границата“, додека Александрија Оказио Кортез, Џери Надлер и други демократи држеа прес конференција за кризата со мигранти во Њу Јорк.

„Вратете ги назад“, викаше друг протестант во хаотичната сцена пред центарот прием на мигранти во Њу Јорк.

Демократите се најголеми поборници за нелегалната миграција во САД, а Њу Јорк градот е еден од таканаречените „Sanctuary City“ (градови кои ги штитат илегалните мигранти од законите за миграција во САД). Протестите се случуваат откако во последните 6 месеци во градот Њу Јорк пристигнаа над 110 000 илегални мигранти по што градот се соочува со големи проблеми и неговиот градоначалник објави претходната недела дека ќе мора да ги скрати буџетите на градските управи, полицијата, комуналните служби и другите градски агенции за 15% како би се справил со надоаѓачкиот мигрантски бран кој не запира. Во спротивно Њу Јорк како град би банкротирал, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илјадници протестираа законот за амнестија на каталонските…

Договорот за амнестија го склучи Социјалистичката партија…

(Видео) Спречен нелегален влез на шест мигранти…

Мобилен тим при Секторот за контрола и…

Орбан за мигрантите: Не сакаме тероризам и…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан продолжи со своите…

Скопјанец превезувал мигранти од Сирија

Полицијата денеска попладне околу 17 часот на…