Објавено на:

(Видео) Хрватскиот претседател Милановиќ ја стави ,,на чекање” финската премиерка Сана Марин

t

Финската премиерка Сана Марин е во официјална посета на Хрватска во рамки на турнејата низ Западен Балкан. Веројатно имало пропуст во протоколот, така што премиерката била оставена сама.

На Твитер е објавено видео на кое се гледа како таа го чека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ неколку минути да се појави во неговиот кабинет.


На видеото се гледа како таа прво стои сама, а потоа шета низ приемната сала гледајќи ги уметничките дела во просторијата, почека неколку моменти, а потоа пристигна Милановиќ, подавајќи и ја раката, пренесоа хрватските медиуми.

На средбата што се одржа во кабинетот на претседателот на Хрватска, станало збор за односите меѓу двете земји кои ги поврзува членството во Европската унија, самитот на нато што следната недела ќе се одржи во Мадрид, како и за безбедносната и политичката состојба во југоисточна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЧИНАА 2 ЛИЦА: Регистрирани 355 нови случаи…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Михајловски: Не е точно дека не можеме…

Не е точно дека не можеме да…

Таравари за пукањето вчера: Што има да…

Арбен Таравари од Алијанса на Албанците во…

Финска ќе постави бариери на границата со…

Парламентот на Финска денеска изгласа Закон за…

Арсовска предлага средношколците цело лето да се…

Советниците на градскиот Совет ќе можат на…