(Видео) Чеченците со огромен вoeн конвој пристигна во Украина

Воен конвој од десетици возила од Чеченија доцна попладнево беше забележан некаде во шумите на Украина. Според информациита, наскоро ќе го посетат пратеникот на Врховната рада Олексиј Гончаренко.
Според медиумите, одредoт „ловци“ на чеченските специјални сили е веќе во Украина за да приведе или убие група конкретни украински функционери.
На секој војник, наводно, му била дадена посебен „шпил со карти“ со фотографии и описи на украинските официјални лица, објави московскиот телеграм канал со линкови до безбедносните установи.
Списокот е на функционери и безбедносни службеници осомничени за „злосторства“ од страна на Рускиот истражен комитет, се додава во извештајот.
Претседателот на Украина призна дека е „мета број еден“ за руските убијци во неговиот главен град, додека неговото семејство е „цел број два“ за убијците на Путин.
Се смета дека чеченскиот одред е во украинска шума и наводно добил „наредба да се убијат“ доколку лицата на листата на барани лица не можат да бидат приведени.
Пред неколку дена, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека САД ја користат Украина за поставување воена база на нејзина територија, додавајќи дека доколку тој бил на местото на рускиот претседател Владимир Путин, одамна ќе ја окупирал Украина.
Кадиров изјави дека најблизок сосед на Русија е Украина и дека се работи за словенските народи, пренесува РИА Новости.
Според Кадиров, Америка не и прави ништо добро на Украина, но и треба држава во која ќе ја постави својата база.
Ако има луѓе во Украина, тие мора да се спротивстават, а ако ги нема во Украина, тогаш Русија мора да преземе мерки, рече Кадиров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…