Објавено на:

(Видео) Чуварот на руската „нуклеарна актовка“ пронајден застрелан во неговиот стан

t

Пензиониран полковник на руската Федерална служба за безбедност, кој неодамна беше обвинет за примање мито, во вторникот бил пронајден со прострелна рана во неговиот стан во селото Нови во близина на Москва.

Пензионираниот полковник Вадим Зимин пиел алкохол со својот брат, а во еден момент отишол во друга соба. Тој тогаш се обидел да се самоубие, според првите резултати од официјалната истрага објавени од руските медиуми.


Брат му повикал брза помош, а Зимин преживеал и во тешка состојба бил префрлен на интензивна нега.

Чувар на „нуклеарната актовка“

Во декември 2021 година, Зимин беше уапсен под сомнение дека земал мито од претприемачи во износ од 10 отсто од секоја зделка склучена врз основа на државен договор. Тој е разрешен од должноста во Централната царинска управа и во текот на истрагата му е одреден домашен притвор.

Тој беше задолжен за чување на актовката со руските нуклеарни контроли додека на власт беше поранешниот руски претседател Борис Елцин. Зимин потоа продолжил да работи во службата за безбедност, а во времето на Владимир Путин бил унапреден во улогата на полковник.

Во јавноста има само една фотографија од Вадим Зимин.

Во Русија има три актовки кои содржат предаватели кои предизвикуваат нуклеарен напад доколку се активираат во исто време. Едната актовка е до претседателот на Русија, а другите две се со другите двајца највисоки функционери, пренесува „Индекс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ успешно ја мина првата пречка на…

Новак: Не беше лесно, сервисот ми помогна..…

Граѓаните имаат сериозни проблеми да си ги…

Државата не ги ни спомнува, а граѓаните…

180 позитивни од 2 880 тестови, нема…

Министерството за здравство информира дека во последните…

(Фото) Ресторан во Приштина им забрани влез…

Ресторан во Приштина на својот влез постави…

Димитров: Итна реафирмација на македонските позиции!

Итна реафирмација на македонските позиции!, вели поранешниот…