(Видео) „Швалерката“ на Петков: Бугарија ја поддржува европската иднина на Македонија и Албанија

t

Комисијата за надворешни работи на Народното собрание на Бугарија, согласно процедурата, денеска треба да го разгледа предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Македонија, по што бугарската Влада ќе се запознае со деталите за да се види дали со предложениот документ се заштитени бугарските интереси, изјави за МИА шефицата на Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова.

Бориславова во кусата изјава нагласи и дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Република Македонија и Албанија.

Коментирајќи ја најавата на поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов дека 59-те пратеници на неговата партија ќе го поддржат „францускиот предлог“ на пленарна собраниска седница, Бориславова изјави дека ГЕРБ може да го поддржи предлогот во „пленарната сала на Народното собрание на Бугарија“.

Откако партијата на Слави Трифонов ја напушти кревката владина коалција во Бугарија и во ситуација кога се тресе премиерското столче на Кирил Петков, во бугарските медиуми објавено е видео на кое наводно се открива љубовна афера меѓу Петков и неговата шефица на кабинет, Лена Бориславова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каталонија сака нов референдум, но со согласност…

Каталонија ќе иницира нов договор со шпанската…

Данската премиерка: Истекувањето гас од „Северен тек“…

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави во вторникот…

МЕДВЕДЕВ ПОВТОРНО НАЈАВИ: Референдумот заврши, добредојдовте дома…

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…

Проруските власти во Украина: Големо мнозинство од…

Проруските сепаратистички власти во Украина денеска ги…

ТАЖНА ВЕСТ: Почина член на музичката група…

Денеска почина Милорад Џери Џмерковиќ, познат клавијатурист…