(Видео) Шојгу му реферираше на Путин: 21 април е денот на второто ослободување на Мариопол!

t

Рускиот министер за одбрана изјави дека Русија успеала да го освои последното украинско упориште, пренесува Ројтерс. „Русија го зазеде Мариупол.

Ситуацијата е мирна, отворен е патот за враќање на цивилите“, рече Шојгу. Тој рече дека Русија евакуирала повеќе од 142.000 цивили од Мариупол, дека 1.478 украински војници веќе се предале, но дека повеќе од 2.000 украински борци се уште ја бранат металуршката фабрика Азовстал. Рускиот министер истакнал дека фабриката Азовстал е безбедна, но и блокирана.

Ниту едно од овие тврдења не е независно потврдено. Нема огласи од украинска страна за да се наведат потврди или деманти. Во извештаите понатаму се цитира рускиот претседател Владимир Путин, кој му честитал на Шојгу за успешната операција и му дал инструкции дека нема потреба да се упадне во фабриката Азовстал, туку таа да биде блокирана за да не влезе ни „мува“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Брутални демонстрации во Франција: Граѓани фрлаат…

Десетици луѓе се повредени во немирите што…

Загина тракторист – oва се деталите

Жител на селото Сачево на 69-годишна возраст…

(Видео) Велиновска “го уби” Мицкоски: Не би…

Ниедна партија нема да опстои од постојниве…

(Видео) Народот го измамија измамници од најдолен…

Не згрешивме ние, налетавме на будали кои…

ПРИВЕДЕНИТЕ НЕ КАЖУВААТ НИШТО: Таткото на Самоил…

Таткото на киднапираниот Самоил Костадиновски, вели дека…