(Видео) Штрајкот продолжува: Владата и СОНК не се договорија за спорните прашања

t

Штрајкот во училиштата и градинките ќе продолжи, одлучи Советот на Синдикатот на образование наука и култура (СОНК), откако ги разгледа и донесе свои ставови за заклучоците кои произлегоа од вчерашната владина седница.

„Штрајкот ќе продолжи се дотогаш додека не се договориме по спорните прашања и не потпишеме спогодба за нив“, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Според СОНК, вчерашните владини заклучоци не водат кон решавање на несогласувањата со Владата. Од синдикатот велат дека се врши „огромен притисок“ врз наставниците и воспитниот кадар во градинките.

Наспроти заклучокот на Владата дека Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика ќе им исплатат само придонеси на штрајкувачите, СОНК вели дека не е така и оти министерствата се должи да им исплатат и плати.

„Советот на СОНК констатира дека одредени министри се обидуваат упорно да ги заплашуваат поддржувачите дека ќе им бидат скратени дневниците во деновите на штрајк што го сметаме за обид за спречување на штрајкот. Освен законското право на исплата на плата при штрајк постојат и членови на колективните договори со кои се допрецизира исплаќањето на дневници за време на штрајк и во кои се вели: Работодавецот е должен да исплати надоместок на плата за работниците за време на штрајк за работниците кои учествуваат во штрајкот во висина од основната плата на работникот доколку синдикатот организиран штрајк заради кршење на правата на работниците утврдени со закон, колективен договор или акт на работодавецот. Според тоа не треба да се заплашуваат дека ќе им бидат скратени дневници“, рече Неделков.

Тој кажа дека ова се однесува за штрајк во кој се прекршени правата на работници, а моменталниот штрајк што го организира СОНК, според Неделков е токму од тие причини.

„Тоа значи дека ние баравме и бараме усогласување на платите согласно Законот за минимална плата, член 8,меѓутоа години и години наназад тоа не е направено“, рече Неделков.

За одлуката на Владата со ребаланс на Буџетот да се обезбедат пари за 10 отсто покачување на платите, СОНК смета со тоа се бетонира понудата и не се остава простор за дополнителни преговори. За потсетување, синдикатот претходно ја отфрли ваквата понуда барајќи покачувањето да биде околу 18 отсто.

Неделков рече и дека СОНК не чувствува никаква одговорност врз основа на кој правен акт е прекинат воспитно образовниот процес и наброја неколку одлуки кои се документирани, како што се одлуката на Советот на СОНК за генерален штрајк и известувањето до градоначалниците и директорите дека ќе има штрајк.

„Формирана е работна група за изготвување колективен договор од страна на владини министри кои со репрезентативниот синдикат ќе преговараат за правата на работниците во јавниот сектор, што нѐ наведува на констатација дека се работи за општ колективен договор во јавниот сектор, што не беше барање на СОНК, односно произлегува дека колективните договори за детска заштита, основно и средно образование ќе почекаат“, рече Неделков.

Погледнете го видеото на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/MediumskaInformativnaAgencija/

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добра вест: Наставниците ќе земат цела плата…

Прифатени се сите препораки на посредникот кој…

Ковачевски го поздрави договорот меѓу СОНК и…

Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави договорот за…

НАЈНОВА ВЕСТ: Се договорија СОНК и МОН…

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вечерва…

Следува нов штрајк? Се уште нема договор…

Министерството за труд и социјална политика и…

СОНК и МОН оптимисти дека утре ќе…

И СОНК и министерот за образование оптимисти…