(Видео) Ѓорѓиевски: Решаваме децениски горливи проблеми, во Кисела Вода почна нова ера, подобра и посветла иднина наспроти она мрачно минато

t

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Кисела Вода одговараше на советнички прашања. Ѓорѓиевски најпрво се заблагодари за поддршката за меѓуопштинска соработка, за проектот вреден 51 милион денари кои ќе бидат искористени за решавање на проблемот со атмосферската канализација и тротоарите на ул. „Славка Димкова“ во Драчево, проблем кој конечно ќе биде решен по цели 30 години.

Ѓорѓиевски додаде дека уште 50 милиони денари ќе бидат искористени аз улицата „Димо Хаџи Димов“, за атмосферска канализација, средување на тротоарии и реконсктрукција целосна на улицата и осум милиони денари за Градинар, нешто што претходната власт не успеа да го реализира цели четири години.


Тој посебно се осврна кон прашањето за Булеварот „Борис Трајковски“, поставено од страна на претставничката на СДСМ потсетувајќи дека поранешниот граоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов заедно со поранешниот градоначалник на Кисела Вода раскопаа 200 метри каде паркираа два багери, а притоа не завршиле ниту една експропријација, ниту разговарале со сопствениците на објектите и парцелите, ниту преземале некакво друго дејствие освен што неколку пати се фотографирале.

„Јас сум градоначалник, подготвен сум да бидам боксерска вреќа, но кога некој ќе шири лаги и невистини, особено да наведува некои ниски работи во делот кој со кого се заклучувал во кабинети, тука во иднина чче има соодветен одговор, а тоа ќе биде тужба. Зата ве замолувам, кога ќе има критика нека биде издржана и аргументирана. И повторувам, булеварот „Борис Трајковски“, со заеднички сили, благодарение на службите на општина Кисела Вода, мое вклучување, претседавачот на советот и службите на градот Скопје и градоначалничката, конечно започнува со постапка на средување на експропријација.“, изјави градоначалникот.

Зборувајќи за проблемот во Речиште, Ѓорѓиевски нагласи дека тој проблем се пролекува 30 години, но дека проектот кој е изработен за негово решавање, по препорака на експертите, мора да претрпи одредени измени.

„Проблемот се решава со преработка на проектот и поставување на две пумпи, со коишто пумпи, долгогодишниот, 30 гоишен проблем на нашите сограѓани таму ќе биде конечно решен. А за асфалтирањето, знаете и самите, и можете да се информирате дека нема отворено асфалтни бази. Ние сме во постапка на избирање на фирми, распишување на тендери, но не работи ни една асфалтна база во државата.“, појасни Ѓорѓиевски додавајќи дека со започнувањето на градежната сезона ќе се пристапи кон реконструкција на улициите кои имаат потреба од интервенција.

Во одонос на градинките, кои исто така се долгогодишен проблем, Ѓорѓиевски изјави дека е започната постапка за изградба на типска градинка на местото на постоечката градинка во Расадник, а ќе се започне со изградба на уште една градинка во истата населба со цел да се исцрпат списоците за чекање, на кои моментално се наоѓаат околу 500 дечиња.

Градоначалникот зборуваше и за парковите во Припор и Драчево, кои се градат во моментов и се очекува наскоро да се завршат.

„Ние решаваме децениски горливи проблеми, работиме за интересот на народот затоа што сме избрани токму од него и не сме затворени во канцеларија како некои пракси од минатото кои во четири очи ја унаказуваа и уназадуваа општината. Во Кисела Вода почна нова ера, подобра и посветла иднина наспроти она мрачно минато.
Секогаш за мојот народ“, изјави Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре без вода корисниците од улица „Гемиџиска“

ППоради промена на затворач на улица „Гемиџиска“,…

Без вода денеска една скопска улица и…

Ве известуваме дека денес поради уличен дефект…

Не смеат да ги мијат автомобилите: Франција…

Франција го ограничува користењето вода. Тешката суша…

Без вода делови од Кисела Вода

Поради уличен дефект денеска без вода од…

Зеленски обвини: Русите сакаат на колена да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака…