(Видео) Јакимовски: Бугарите имаат историски бубачки во глава, тие се исфрустрирани од Македонците

t

Замислете која иронија, Ангел Димитров вика ние сме живееле во минатото, а тој живее во иднината.

А, е претседател на Историска комисија, и доаѓа да не малтретира за историските глупости, што си ги имаат во глава бугарите. Односно историските бубачки што ги имаат.

За фрустрациите што ги имаат кон Македонија и кон Македонците, тоа е навистина смешно.

Второ, според моите информации, Владата после пиењето вино во Белград, отидоа во Софија да договорат гас од Србија, преку Бугарија да дојде во Македонија.

Цевките биле зафатени, нема место за македонскиот гас да пројде низ нив, тука е сега проблемот.

И само ова ни покажува, колку ни се пријатели, и што си гаиме илузии со тие Бугари што се мачиме, што се малтретираме.

Кој ни е пријател се гледа, Србија.

Значи, кога и да сме побарале помош, веднаш сме ја добиле. Бугарија секогаш гледала да не начека во тесно и да ни ја соголи кожата.

И тоа се покажува сега во оваа ситуација кога имаме проблеми со електричната енергија.

Сега дојдовме да ги решаваме проблемите со електричната енергија? Не знаевме дека во март ќе дојдеме до оваа ситуација?

Тогаш требаше да ги решаваме овие проблеми. Крајно неодговорно се однесуваме. Грејната сезона за 20 дена ни почнува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…