(Видео) Јакимовски до шпицниот градоначалник: Граѓаните си избраа кој да ја раководи оваа општина – завршува мојата комуникација со Мицкоски и коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

t

Не може некој да си игра со советот и со граѓаните, мораме да се спротивставиме на опструкциите истакна градоначалникот на ГРОМ, Стевче Јакимовски на денешната прес-конференција пред општина Карпош на која што стави крај на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој му порача на „шпицниот градоначалник“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека карпошани си избра свој градоначалник и не може некој да се меша во работата на општината.

Јакимовски открива дека Мицкоски се заканувал и вршел притисоците врз стопанственици во општина Карпош.

Тој му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека за иживување треба да побара некој помлад од него и со поинаков карактер.

Ова не можам повеќе да го толерирам, истакна Јакимовски.

-Во ВМРО-ДПМНЕ имам многу драги пријатели. Им се извинувам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и имам респект кон тоа што ме поддржале, никому нема влакно да му фали, се што е ветено кон нив ќе биде остварено, моите обврски кон членовите на ВМРО и сите граѓани ќе ги исполнувам, како и секој граѓанин членовите може да ме бараат и контактираат кога сакаат и за што сакаат, вели Јакимовски.

Тој уште еднаш напомена дека неговите односи со Христијан Мицкоски завршуваат, откривајќи дека тоа е причината зошто става крај на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

-Не можеме веќе да бидеме тајни непријатели со Мицкоски. Преку грбот на граѓаните врши притисок врз еден градоначалник и сака да ја контролира општината иако не е избран, вели Јакимовски.

Стевче Јакимовски потенцираше дека тој и неговата паријата ГРОМ остануваат опозиционери и ќе продолжат да делуваат опозиционо и во интерес на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трансплантација на кожа добија шест пациенти од…

На Универзитетската клиника за хируршки болести во…

ЗА ШТО ДА МОЛЧАМ?! Молчењето го креираше…

*Објава на Фејсбук на Игор Смилев: За…

Не дозволувајте да ви го отапат гневот,…

*Обајава на Фејсбук на професорката Мирјана Најчевска:…

НСС УКИМ: ПЛЕНУМОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ!

Пленумот кој е закажан за утре во…

(Видео) Дождот не спречи илјадници кочанчани да…

Дождот не спречи илјадници кочанчани да излезат…